Мени

Кумановска докторка меѓу најдобрите 40 лекари во државата

04.03.2013 14:28 | KumanovoNews

 Психијатар Виолета Поповска, вработена на нервното одделение во Општа болница Куманово се наоѓа меѓу највредните 40 лекари во земјава што ги прогласи Мининистерството за здравство.

Кумановска докторка меѓу најдобрите 40 лекари во државата

Поповска е парично наградена врз основа на резултатите постигнати во јануари согласно проектот за плаќање по успешност и проектот на Владата за наградување на 100 најдобри доктори.

Изберена сум меѓу 40 најуспешни лекари во Македонија, кои постигнале најдобри резултати во своја област. Посебна чест ми беше што наградата ми ја врачи министерот, а се сретнав и со многу успешни колеги. Наградата ме израдува и ќе делува стимулативно во мојата понатамошна работа со пациентите од Куманово, Кратово и Крива Паланка- вели Поповска.

Наградата се однесува за јануари 2013 година, меѓутоа докторката смета дека наградените се лекари кои со години наназад многу совесно и професионално си ја извршуваат професијата и постигнале високи резултати во својата област.

 Според Поповска на нервното одделение месечно во просек имаат околу 650 прегледи, а уште толку пациенти доаѓаат без упати. Таа со нејзиниот колега Ненад Николиќ некогаш реализираат и по 800 прегледи месечно.

Министерот за здравство на свеченост во Скопје на лекарите им додели парична награда од 30.000 денари.