Мени

Кумановската администрација пошумуваше во населбата Карпош

27.11.2013 10:59 | KumanovoNews

Градоначалникот и општинската администрација денеска засадиа дрвца на ридот кај црквата “Св.Архангел Михаил“ во населбата Карпош.

Кумановската администрација пошумуваше во населбата Карпош

 Засадуваме еден појас многу значаен за Куманово, бидејќи овде се гради црква. Ја поддржуваме акцијата “Ден на дрвото“, и мислам дека треба да има година на дрвото. Дрвата не треба да се садат само еден ден, туку да се чуваат и да не се сечат. - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

Во Кумановско денеска се засадени околу 20 000 дрвца.