Кумановската полиција се поднови со 11 спарка
30.09.2013 14:44
| KumanovoNews
СВР Куманово доби 11 возила марка “шевролет спарк“ набавени на последниот тендер на Министерството за внатрешни работи.
Овие возила се економични во трошењето на гориво. Се работи за возила кои можат да се употребуваат за интервенции на посебни места како што се тесни улици или улици кои се оптоварени со сообраќај. Дел од нив ќе бидат дадени на полициските станици на подрачјето на СВР Куманово - изјави Зоран Велковски, портпарол на СВР Куманово.
Тој вели дека новите возила ќе придонесат за поефикасно работење на полициските службеници.