Мени

Кумановски гимназијалки меѓу најталентираните ученици

22.05.2013 08:50 | KumanovoNews

 Три ученички од Гимназија “Гоце Делчев“ се наоѓаат меѓу 45 - те талентирани ученици од Македонија, кои ќе учествуваат на летниот камп на Пелистер што го организира Министерството за образование.

Кумановски гимназијалки меѓу најталентираните ученици

Бојана Величковска и Тамара Митевска се избрани во областа нано -материјали и нано-технологии, а Лоди Додевска за роботика.

Сите три се ученички од трета година и тоа е голем успех за нив, бидејќи се добитници на стипендија за учество на летен камп. Самите се пријавија на конкурсот, а потоа беа на тестирање во Скопје. Кампот ќе трае две недели и учениците ќе ги продлабочат своите знаења. Ученичките и предходно имаат добиено награди и признанија за нивното знаење - вели Славица Грујоска Митиќ, професор по информатика.

Летниот камп на Пелистер ќе трае од 10 до 24 јуни.