Мени

Кумановски основци на обука за правобранители

03.03.2014 09:11 | KumanovoNews

Ученици од основното училиште “Христијан Карпош“ викендов учествувале на обука за правобранители во Струга, која ја организираше коалицијата на младински организации СЕГА од Прилеп.

Кумановски основци на обука за правобранители

 Три деца имаат задача да ја промовираат Конвенцијата на правата на децата и ако има некои прекршувања да реагираат до педагошко - психолошката служба во училиштето или до Народен правобранител. Во Куманово проектот го работиме од 2011 година и тој со истите компоненти се спроведува и во Гимназија “Гоце Делчев“ - вели Томислав Гајтановски од коалицијата на младински организации СЕГА.

На обуката за правобранители имаше 15 деца од училишта од Тетово, Куманово, Прилеп, Дебар и Кавадарци.