Кумановски волонтери на Струмица Опен Фестивал
15.08.2013 08:22
| KumanovoNews
Волонтери од Црвен Крст Куманово од утре до понеделник ќе престојуваат во Струмица каде ќе помагаат, доколку има потреба, на посетителите на Опен Фестивал.
Тие ќе бидат сместени во камп како и нивните колеги од Струмица.
Од нашата организација ќе присуствуваат 3 волонтери обучени за прва помош кои во текот на тридневната манифестација Струмица Опен Фестивал ќе волонтираат и по потреба ќе даваат основна прва помош на евентуално повредени лица и евакуација до професионалните медицински тимови на теренот - вели Сања Голубовска од Црвен Крст Куманово.
Кумановските волонтери соработуваат со струмичките, но ова е првпат да организираат заедничко кампување во текот на фестивалот.