Мени

Кумановскиот Совет меѓу најактивните во државата

21.02.2013 16:16 | KumanovoNews

 Со вкупно 19 реализирани седници за една година Советот на Општина Куманово е меѓу најактивните во Македонија.

Кумановскиот Совет меѓу најактивните во државата

Просечен број на разгледани точки по седница е 15, со што меѓу останатите општини и Скопје, ние сме меѓу првите, ако не и први. Доколку разгледуваме квартално, во последниот квартал имаме реализирано 6 седници. Може да се каже дека имаме висок професионализам. Степенот на свесност на советниците и на целиот орган е на многу високо ниво - констатираше Максим Димитриевски, претседател на Советот на Општина Куманово.

И советниците се согласија со статистиката дека од 120 точки од дневниот ред, за 98 имало активна дискусија од нивна страна. Во овој состав одржани се 79 седници на Советот на Општината.