Мени

Кумановските бранители ќе летуваат во Претор

23.06.2011 14:08 | KumanovoNews

 Раководството на кумановското Здружение на бранители во воениот конфликт во Македонија во 2001 година соопшти дека за своето членство организира летен однор во туристичкиот феријален камп во Претор на брегот на Преспанското езеро.

Кумановските бранители ќе летуваат во Претор

Првата смена заинтерессирани бранители е од 24 до 31 јули, а пријавувањето со уплата се врши во канцеларијата на Здружението секој петок од 10 до 14 часот. Сместувањето е во бунгалови и камп приколки. Цената на полн пансион(спиење и три оброка) изнесува 590 денари по ден за возрасни со вклучена туристичка такса. 400 денари за деца до 12 години и бесплатен претстој на децата на загинати бранители. Превозот е во сопствена режија. Тргнување - на 24 јули од пред канцеларијата на здружението на ,,Октомвриска  револуција‘‘ .