Мени

Кумановските лекари специјалисти ќе протестираат во Скопје

30.11.2012 10:50 | KumanovoNews

 Дваесетина лекари од Општа болница Куманово, утре напладне ќе протестираат во Скопје, во кругот на клинички центар заедно со колегите од цела Македонија.

Кумановските лекари специјалисти ќе протестираат во Скопје

- Ќе одиме од клиниките до Министерство за здравство, а можеби и до Влада. Целта ни е да не видат, бидејќи цело време не игнорираат. Имаме информации дека министерот не е тука, ниту претседателот на Собрание, па очекуваме некој од државниот врв да не прими. Нашите барања се да се укине плаќање по учинок и со плата да се изедначиме со другите високообразовани кадри во државата, тука мислам на факултетски образовани луѓе кои вршат јавна функција. Ние сме луѓе со 10 годишно факултетско образование - вели Билјана Анастасовска, претседател на штрајкувачки одбор.

Поминаа 16 дена од почетокот на штрајкот, а договор помеѓу лекарите и министерот за здравство Никола Тодоров не е постигнат. Утре ќе работат само дежурните служби и ќе се примаат итни случаи.