Кумановските матуранти нема да играат квадрил
22.05.2014 12:15
| KumanovoNews
Матурантите во Куманово утре нема да играат квадрил бидејќи немало интерес од учениците за овој настан.
Матурантите се распуштени веќе, се подготвуваат за матурски прослави и тешко е да се соберат. После неколку години , оваа година нема да се игра квадрил на Градскиот плоштад поради незаинтересираност на матурантите - објаснуваат од Општина Куманово.
Играњето квадрил во исто време е светска забава во која утре се вклучуваат и матурантите од Скопје, Охрид, Струмица и други градови.