Мени

Кумановските улици под вода

25.02.2013 18:25 | KumanovoNews

 Поројниот дожд што попладнево паѓаше во Куманово ги поплави градските сообраќајници.

Кумановските улици под вода

Големите количини на вода не можеа оддеднаш да се слеат во атмосферска канализација, па по улиците се создадoa реки од вода. Тоа го отежна движењето на пешаците и возилата.

Невремето беше проследено и со силни грмежи па некаде по 17 часот, централното градско подрачје остана без електрична енергија. Струјата дојде дури во 18.40 часот.