Кумановските Власи ќе слават во Крушево
22.07.2013 12:51
| KumanovoNews
Членови на Здружението на Власи од Куманово на 3 и 4 август ќе присуствуваат на Влашка вечер во Крушево.
Прославата се организира по повод 10 дена Крушевска Република и Денот на Власите.
Ќе има изложба со креации од еминентни влашки креатори. Свеченоста ќе се одржи на 4 август, а ние редовно одиме на оваа манифестација, има луѓе од цела Македонија - вели Нако Николовски, претседател на Здружение на Власи.
Ова здружение брои околу 80 члена.