“Кумановско - липковско поле“ избра кума за Водици
Водостопанското претпријатие “Кумановско - липковско поле“, денеска го одбележа празникот на водите Богојавление-Водици, и од своите редови избра кума.
Оваа година за кума е избрана Весна Серафимовска, технички секретар во претпријатието. Кумот го избираат по пат на спогодба меѓу вработените, а Серафимовска вели дека честа овој пат и паднала на неа.
Овој празник го сметаме за свој празник. Нема некоја посебна постапка, туку оној кој ќе изрази желба може да биде кум. За мене ова е голема чест и задоволство што ќе можам да учествувам во организацискиот дел за прославата. Во понеделник вработените ќе прослават во просториите на Водостопанство “Кумановско - липковско поле“ во село Опае. Овој празник го славиме секоја година од постоењето на претпријатието - вели Серафимовска.
Водостопанство “Кумановско - липковско поле“ очекува поволни хидрометеоролошки услови годинава со што ќе се наполнат браните, позитивно работење, квалитетни услуги кон граѓаните и навремено снабдување со вода за пиење и наводнување.