Кумановското кино со слаба посетеност
15.05.2014 10:06
| KumanovoNews
Кумановското кино во 2013 година имало само 69 посетители, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.
Во кино “Козјак“ биле прикажани 4 странски филма и 5 странски кинопроекции. Од останатите градови каде има кина, само Крива Паланка имала помал број на прикажани филмови, бројот на кинопретстави е ист, но бројот на посетители е неколкукратно поголем.
На ниво на држава статистиката покажува дека во 2013 во однос на 2012 година бројот на прикажани филмови е зголемен за 184,4 отсто, а бројот на посетители за 42,5 отсто.