Мени

„Купете си здравец!„

21.04.2011 12:32 | KumanovoNews

Сите влезови на кумановскиот Зелен пазар на денешниот Велики четврток, три дена пред Велигден, беа запоседнати со продавачи на здравец.

„Купете си здравец!„

 ,,Купете здравец! Купете здравец! Десет денари китка‘‘! - се слушаше на сите страни. И луѓето купуваа. Ова планинско цвеќе со божествено опоен мирис е задолжителен велигденски декор во домовите на православните христијани. Според традицијата мајките спроти Велигден  ги капат децата со црвено јајце и со здравец во водата за да бидат здрави и црвени во лицето.