Мени

Купувале со лажни, а добиле кусур во вистински евра

22.06.2013 12:28 | KumanovoNews

 Изманици насамариле жител на кумановското село Облавце, кога со фалсификувани евра купиле јагниња и сирење, а добиле кусур во денари и евра.

Купувале со лажни, а добиле кусур во вистински евра

Измамата се случила вчера претпалдне, кога двајцата мажи на возраст од околу 50-60 години, со автомобил дошле во селото и побарале од В.К.да им продаде јагне и сирење. Сметката излегла 200 евра, по што изманиците на газдата му дале лажни 500 евра, а тој им вратил кусур од 15.000 денари и 50 евра. Купувачите си заминале со парите и рекле дека подоцна ќе се врата по пазареното. Кога В.К. и неговиот син се посомневале дека еврата се фалсификувани, отишле во менувачница да проверат и случајот го пријавиле во СВР-Куманово.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.