Мени

Курбан Бајрам неработен за муслиманите

14.10.2013 08:20 | KumanovoNews

За верниците од муслиманска вероисповед утре е неработен ден.

Курбан Бајрам неработен за муслиманите

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија,  15 октомври 2013 година (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Курбан Бајрам.