Лајонси садеа бели рози
Членови на “Лајонс клуб“ Куманово во соработка со ЈП “Чистота и зеленило“ денеска садеа рози на Градски кеј.
За Денот на пролетта - 21 март, со садење на бели рози сакаат да придонесат за почиста околина.
Засадени се стотина исклучиво бели рози. Научни студии докажале дека белите рози најмногу апсорбираат тешки метали, особено олово и цинк. Тие се најголеми прочистувачи на почвата, на воздухот и на водата. Покрај естетски, тие имаат и еколошки карактер. Сите “Лајонс клубови“ во Македонија денеска организирано садат бели рози. Со доаѓање на пролетта ќе има повеќе активности во природа - вели Јовица Анѓеловски, претседател на “Лајонс клуб “ Куманово.
“Лајонс клуб“ Куманово постои 6 години, брои 30 - тина членови и досега реализирале многу хумани акции, донации, помош за слепите лица, учествувале во пошумување и друго.
