Лани во Куманово се родиле повеќе машки бебиња
14.06.2013 13:57
| KumanovoNews
Во Куманово лани се родени 1307 бебиња од кои повеќето се машки.
Родени се 709 машки бебиња и 598 женски бебиња. Од вкупниот број на новороденчиња, 1094 се принова во брачна заедница, а 213 се вонбрачни деца. Во болница се родени 1306 бебиња, а само едно е родено со стручна помош надвор од медицинска установа.
Општина Старо Нагоричане лани добила 42 бебиња, 21 машко и исто толку женски. Од нив 36 се брачни, а 6 вонбрачни. Сите 42 бебиња се родени во болница.
Во Липково лани имало 437 новороденчиња, од кои 219 машки и 218 женски. Од нив 299 се брачни и 138 вонбрачни. Сите новороденчиња на свет дошле во здравствена установа.