Легализирани 350 дивоградби во Општина Старо Нагоричане
31.03.2014 09:27
| KumanovoNews
Во Општина Старо Нагоричане досега се легализирани 350 дивоградби, а поднесени се вкупно 2067 барања за легализација.
Во процедура се над 200 барања за кои се направени елаборати и комисија треба да излезе на терен за да се утврди фактичката состојба на објектот. Процесот на легализација тече во најдобар ред, одзив има од граѓаните. Тие постојано доаѓаат и донесуваат елаборати - велат од Општина Старо Нагоричане.
Елаборати за бесправно изградените објекти треба да се достават до крајот на 2015 година, а процесот на легализација треба да заврши во 2016 година.