Лекарите ќе имаат повеќе пасивни пациенти?
Пререгистрација на невработените здравствени осигуреници, која стартува од овој месец ќе донесе поголем број на пасивни пациенти кај матичните лекари.
За пасивни се сметаат граѓаните кои го смениле работното место или се одјавиле од Фондот за здравство, а кај матичните лекари не ја пријавиле промената.Нив лекарите ги водат како свои пациенти за нив не добиваат капитација.
Лекарот не знае дали граѓанинот сменил работно место или неколку месеци бил без осигурување. Тој пациент може со години да нема потреба да оди на лекар и нема да се плати капитација. Некои од лекарите имаат од 15 до 20 одсто пасивни пациенти - вели Фатмир Асани, претседател на матични лекари од Куманово.
Пререгистрацијата веќе стартувала, а оние граѓани кои нема да ја исполнат обврската ќе останат без сини картони.