Мени

Лекарите ги повикуваат граѓаните да протестираат со нив

06.12.2012 09:47 | KumanovoNews

 Специјалистите во сабота напладне ќе протестираат во Скопје пред Владата и ги повикуваат граѓаните да излезат со нив и да им дадат поддршка.

Лекарите ги повикуваат граѓаните да протестираат со нив

- Штрајкот трае цели 23 дена, а министерот Никола Тодоров го игнорира и не сака да преговара. Тој има една и единствена цел, целокупната вина за настанатата состојба и погрешната политика во здравството да ја префрли врз лекарите и медицинскиот персонал. Тодоров со незаконски притисоци создава хаос во здравството. Вистинскиот мотив за штрајкот не е само нереалната и нефункционална реформа - плата по учинок. Власта сака да воведе принцип на квантитет , а не на квалитет на услугата која лекарите ја даваат. Она што ги иритира лекарите е односот на власта кон нив, желбата да ги покори, да им го урне достоинството и нивната професионалност, да го девалвира нивното знаење и стручност - вели Билјана Анастасовска Петрушевиќ, претседател на штрајкувачки одбор.

Лекарите сметаат дека со излегување на штрајк и граѓаните ќе се изборат за подобро здравство каде луѓето нема да се третираат како бројки.