Мени

Лекарите не се плашат од инспекција - штрајкот продолжува

03.12.2012 09:03 | KumanovoNews

 Кумановските специјалисти заедно со колегите од цела Македонија, викендов протестираа во Скопје.

Лекарите не се плашат од инспекција - штрајкот продолжува

Иако не се сретанаа со министерот за здравство, ниту било кој од Владата, тие и денеска се на своите работни места, а ќе ги примаат само итните случаи.

- Ние сме тука ако некој реши да преговара со нас. Нема никакви прекршувања на законот, ние сите пациенти кои не можат да чекаат сме ги оперирале, згрижиле или со лекар биле транспортирани до Скопје. Си имаме план и програма за работа за време на штрајк. Нема потреба нас министерот да не учи на Хипократовата заклетва, ние ја знаеме,бидејќи сме професионалци. Колку повеќе не игнорира, толку револтот ќе биде поголем од наша страна. Се заканува само тој што се плаши. Не се плашиме од инспекции, ни од казни, а државата може да остане без лекари,ако не и требаме. Планираме викендов да одиме пред Влада, па ќе видиме како ќе течат работите. Лекарите од другите градови се дури и поригорозни мерки - вели Билјана Анастасовска, претседател на штрајкувачки одбор.

Штрајкот почна пред 21 ден и ќе трае се до исполнување на барањата на лекарите кои сакаат повисоки плати и стопирање на плаќањето по учинок.