Мени

Лекарите од Општа болница на курс за компјутери

15.08.2014 07:13 | KumanovoNews

Информатичарите од Општа болница Куманово од 1 септември ќе организираат курсеви за лекарите.

Лекарите од Општа болница на курс за компјутери

Препорака на Министерството за здравство е во рок од две години лекарите да ги подобрат познавањата на работа со компјутер и да говорат течно англиски јазик.

Ние како институција планираме да организираме курс за компјутери со наши информатичари. Ќе се одржува по работно време за да можат лекарите да одговорат на нашите потреби за работа. Мора да знаат англиски јазик и компјутер за да ја работат својата работа, инаку ќе бидат еден ранг пониско - вели Ариф Љатифи, директор на Општа болница Куманово.

Голем дел од лекарите се пријавиле за изучување на англиски и германски јазик на курсеви кои ќе ги организира министерството.