Мени

Лекарите тешко се снаоѓаат со здравствените картички

11.01.2013 09:52 | KumanovoNews

 Дел од матичните лекари се жалат дека новите електронски здравствените картички им одземаат дополнително време во работата, а честопати се случува пациентите картичките да ги заборават дома кога одат на лекар.

Лекарите тешко се снаоѓаат со здравствените картички

Тие додаваат дека во електронските картички не се внесени сите податоци и тоа ја усложнува работата.

 Одредени категории како што се пензионерите сеуште не ги подигнале здравствените картички. Мислам дека 20 или 30 отсто веќе ги имаат здравствените картички земено. Принудени сме да одиме на страната на мое осигурување и да го бараме единствениот здравствен број на пациентот. Тука се губи многу време. Исто така ако порано за 3 пакетчиња од ист лек се пишуваше една рецепта сега мораме да пишуваме три рецепти што е непотребно - вели матичен лекар.

Нашите соговорници велат дека се оптеретени со административни работи и тоа ќе биде така додека да се навикат на здравствените електронски картички. Пациентите сметаат дека картичките имаат предности во однос на старите здравствени книшки.

 Подобро е да се носи картичка електронска, не мора да се носи цела книшка, нема да се губат документи. На почеток ќе биде тешко додека да се навикнеме, ама подобро е - објаснува Бранко Митевски од Куманово.

Повеќето кумановци веќе или ги замениле или се во фаза да ги заменат здравстевните книшки со електронски здравствени картички.