Мени

“Ленка“ и “Солидарност“ ќе протестираат во Куманово

30.04.2014 06:47 | KumanovoNews

Движењето за социјална правда “Ленка“ и левичарското движење “Солидарност“ утре од 10.30 до 12 часот во Куманово ќе организираат првомајски протест.

“Ленка“ и “Солидарност“ ќе протестираат во Куманово

Тие ги повикуваат сите сиромашни, обесправени граѓани, стечајци, невработени, студенти, синдикалци да им се придружат на протестот.

Нивните барања се да се измени Законот за материјално обезбедување на невработени и да ги опфати сите стечајци така што работниот стаж од 25 како услов ќе се намали на 15 години. Да бидат казнети работодавците кои не го почитуваат Законот за минимална плата и таа да се изедначи во сите сектори без да се чека 2018 година за усогласување. Владата да го почитува и гарантира правото на синдикално организирање, штрајк и ред други барања.