Лежечки полицајци ја „блокираа„ наставата во Речица
Барањето на жителите на селото Речица, надлежните институции во општината да постават легнати полицајци на патот покрај училиштето, сеуште не е исполнето и покрај тоа што децата веќе 10 дена ја бојкотираат наставата.
Претставници од локалната самоуправа во петокот ни ветија дека деновиве ќе го решат проблемот, но доколку тоа не го испочитуваат, ние ќе ги радикализираме протестите и ќе ги пренесеме пред општинската зграда- вели Валентин Стоилковиќ, претседател на месната заедница Речица.
Мештаните секојдневно од 8 до 9 часот, го блокираат и локалниот пат Куманово-Лојане. Протестите во Речица започнаа пред првојамските празници, кога во тешка сообраќајна несреќа беше повреден 10 годишниот Немања Стевановиќ, додека се враќал од училчиште. Родителите бараат поголема сообраќајна контрола за да си ги заштитат децата од несовесните возачи.