Лицата со попреченост научија да прават украси
02.07.2014 13:25
| KumanovoNews
Заврши шетмесечниот проект “Социјални претпријатија - инклузија преку работа“ во кој група од 16 лица, од кои половина членови на “Порака наша“, поминаа обука за рачна изработка на декоративни предмети од текстил и хартија.
- Сакаме нашите членови да бидат конкурентни на пазарот на трудот и со тоа да станат активни членови на заедницата во која живееме и делуваме,- вели Фросина Симоновска, координатор на проект.
Целта на проектот е луѓето со попреченост да имаат еднакви можности за вработување.