Лихвари наплаќале месечна камата од 10 отсто
02.12.2013 15:29
| KumanovoNews
К.В.(46) и Ф.В.(27) двајцата од Куманово наплатувале месечна камата од 10 проценти на сограѓанин што му позајмиле пари.
Во 2010 година тие ја искористиле тешката материјална состојба на кумановецот, и во неколку наврати му дале на заем вкупно 27.750 евра. За долгот му пресметувале камата од 10 отсто и за три години им исплатил камата во висина од 9.874 евра.
Пријавените ќе одговараат за сторени кривични дела “лихварство“ и “соизвршителство“.