Ликовна работилница за безбедноста во сообраќајот
Во холот на основното училиште “Вук Караџиќ“ денеска се оддржа ликовна работилница по повод одбележување на Недела за безбедност на пешаците во сообраќајот.
Организираме ликовна работилница за учениците од 1 до 8 одделение кои творат на темата “Безбедност на пешаците во сообраќајот“ од кои што творби ќе направиме изложба во холот на училиштето. Децата не се органичени во однос на техники - вели Розита Ѓорѓевиќ, координатор на тим за безбедност во училиштето.
Децата преку цртеж ќе објаснат што за нив значи безбедност на пешаците во сообраќајот.
Ќе цртам сообраќај, односно улица со многу автомобили. Ќе бојам со фломастери. Ова ми е прво учество на ликовна работилница, сакам да станам уметник кога ќе пораснам. Ги почитувам сообраќајните правила и никогаш не поминувам на црвено - рече Ана Лазаревска, ученичка во трето одделение во “Вук Караџиќ“.
Работилницата е организирана во рамки на проектот “Безбедни училишта“ кој го реализира отсекот за превенција при СВР Куманово заедно со школите и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.