Мени

„Липа„ дел од еколошко патувачко шоу

29.09.2011 08:16 | KumanovoNews

 Волонтери од еколошко друштво “Липа” од Куманово, заедно со институтот “Разум“ од Софија и “4х4х4 Балкански Мостови” – Скопје, со уште неколку невладини организации од Бугарија и Македонија,организираа патувачко шоу како дел од проектот „Животната средина е работа на сите”.

„Липа„ дел од еколошко патувачко шоу

 Патувањето беше спроведено во рамките на Европската недела на мобилност, финансирано од Балкан Труст фор Демокраси. Патувачкото шоу  започна од Скопје, а по пат застана во Куманово, Крива Паланка, Ќустендил, Перник и заврши во Софија. Волонтерите имаа средба со градоначалниците, каде од нив побараа да преземат поголеми еколошки мерки за заштита на животната средина. При тоа да изградат велосипедски патеки и да го развијат системот за изнајмување на велосипеди, создавање на услови за користење на електрични автомобили, рециклирање и реупотреба на отпадот, како и други мерки кои нема да ја загадуваат животната околината.