Мени

Лизгалиштето ќе работи од наредната недела

29.11.2012 15:23 | KumanovoNews

Лизгалиштето на Градскиот кеј ќе биде отворено на почетокот на идната недела.  Во тек се работите за поставување на конструкцијата на теренот за лизгање, кој ќе биде поголем од лани. Оваа година цените ќе бидат пониски во однос на лани.

Лизгалиштето ќе работи од наредната недела

Лани цената беше 100 денари, а сега за 1,5 час е 70 денари и плус добиваат младите чај. Топлото време не ни оди во прилог, ни требаат ниски температури бидејќи ова е природен мраз и мора да се оддржува. Ако е топло тој ќе се топи и нема да може да се лизга на него. Се мести конструкцијата, монтирањето е при крај. Поголем дел од работата е завршен - рече Игор Арсовски, супервизор во “Т - ТЕАМ Плус“.

Арсовски вели дека лизгалиштето ќе биде пуштено во понеделник или среда.