Мени

Лојанци се пресметувале со ножеви пред Полициската станица

08.02.2013 08:41 | KumanovoNews

 Полициски службеник од Лојане и негови роднини се степале со нивни соселани пред полициската станица во Куманово.

Лојанци се пресметувале со ножеви пред Полициската станица

Инцидентот се случил завчера напладне кога М.М.(33), референт по возачки дозволи и неговиот татко, брат, чичко и братучед се пресметувале со ножеви со Љ.Р.(20), С.Р.(28) и М.Р.(50), пред очите на полицајците.

Караницата започнала кога, двајцата браќа Љ.Р.(20), С.Р.(28), кои биле на привремена работа во Швајцарија дошле на работа кај референтот во Одделението за управни работи Куманово и поради нерасчистени односи од порано,почнале да го навредуваат и псујат, а потоа го повикале да излезе надвор за да се пресметаат. Полицаецот заминал во полициската станица да ги пријави заканите, а во меѓувреме ги викнал неговите роднини да дојдат пред станицата. Додека тој давал изјава,  неговите роднини го пресретнале М.Р.-татко на неговите соселани и го нападнале со тупаници.  

Дежурните полицајци притрчале да му помогнат на човекот, при што еден од напаѓачите удрил еден полицаец и му налел повреда на главата. Само неколку минути потоа на самиот влез на полициската станица повторно настанала тепачка помеѓу пријавените, при што еден од браќата Љ.Р. со нож се обидел да го прободе татко на референтот, нанесувајки му убодна рана во пределот на градите. Полицајците успејале да ги совладаат насилниците од двете спротивставени табори и сите се приведени.

 Приведените ќе одговараат за кривични дела : „убиство во обид„, „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста„, „насилство„, „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница„ и „ загрозување на сигурноста„.