Мени

Локалните инвалидски здруженија го одбележаа 3 декември

03.12.2012 09:14 | KumanovoNews

 По повод Денот на лицата со хендикеп, вчера во просториите на Здружението на глуви и наглуви, спроти Градскиот стадион, вчера се одржа традиционална средба.

Локалните инвалидски здруженија го одбележаа 3 декември

- Секоја година по едно здружение е домаќин, а оваа година домаќини се цивилните инвалиди, но тие немаат свои простории и затоа одбележувањето беше во нашиот клуб. Од сите шест здруженија имаше по пет претставника од слеп и глуви лица. Се дружевме и се натпреварувавме во фрлање на пикадо и шах - вели Драган Десподовски, секретар во Здружение на глуви и наглуви.