Ловците од “Шипоња“ го прехрануваат дивечот
Ловците од ловечкото друштво “Шипоња“ во зимскио период, кога нема доволно храна на отворено, организираат акции за потхранување на крупниот дивеч во ловиштето Думановце.
Оваа зима се организитани неколку акции.
Една од нашите активности е прехранување на дивечот во ек на ловечката сезона. Крупниот дивеч го храниме со житарици, пченка, овес, сено. Поставени се 30 хранилки во одредени реони каде дивечот се задржува. Тие се направени од дрво и од нив сам дивечот може да се храни. За да опстанат на овој терен животните и ловиштето да биде побогато потребна е прехрана. Можам да кажам 90 отсто од ловците се вклучуваат во ваквите акции. Криволовот е сведен на минимум бидејќи, чуварската служба ефикасно и совесно си ја врши работата - вели Миле Спасовски, член на друштвото.
Тој додава дека пред две недели во ловиштето Думановце е отстрелана една дива свиња. Ловечкото друштво “Шипоња“ има стотина членови, а располага со ловиштето број 2 во Липково, познато како Думановце со површина од 10.000 хектари.По завршување на оваа ловна сезона друштвото ќе организира коктел за своите членови.