Мени

Ловџии од Паланка ќе го блокираат патот за Деве Баир

10.12.2011 08:42 | KumanovoNews

Ловџиите од Крива Паланка и Ранковце, денеска од 10 до 12 часот ќе го блокираат магистралниот пат Крива Паланка граничен премин Деве Баир на влезот на градот.

Ловџии од Паланка ќе го блокираат патот за Деве Баир

Причината за предупрадувачкиот протест е поради тоа што Владата не дава концесија на ловиштата во овој регион. Со новиот закон покрај ловечките друштва право на закуп на ловиштата имаа и бизнис -групи. Ловџиите сметаат дека тоа ќе уништи ловниот фонд и ќе се гледа само остварување на профит, а не како досега заштитата на дивечот.