Ловџии застрелале срна во липковско
18.02.2013 12:22
| KumanovoNews
Полицијата приведе ловџии од Липково затоа што ловеле заштитен дивеч.
23 ловџии од ловечкото друштво “Шќипоња“, кои учествувале во организирана хајка на штетен дивеч во Липково вчера попладне се приведени под соменние дека вршеле незаконите лов. Во возило на С.Р.(42) од Куманово во кое се превезувал и Д.Е.(50) од Липково, кој е претседател на друштвото “Шќипоња“, пронајдена е убиена срна исечкана на парчиња. Ловењето на срна е забрането со закон.
Полицијата работи на документирање и расчистување на случајот. Против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава за “незаконит лов“.