Мени

Ловочувари и полицајци ќе ги “чешлаат“ ловиштата

17.10.2013 15:07 | KumanovoNews

 Ловочувари од ловечките друштва заедно со полицајци ќе прават контроли во ловиштата со цел да се сузбие криволовот.

Ловочувари и полицајци ќе ги “чешлаат“ ловиштата

Ова беше договорено на денешниот состанок во СВР Куманово со претставници од ловечките друштва “Сокол“, “Шчипоња„ и “Фауна“. Полицијата предупреди дека конзумирање на алкохол кога се оди на лов и пукање надвор од ловиштето строго се забранува и ќе биде санкционирано. Доколку доаѓаат странски ловџии, тие во полиција однапред ќе треба да бидат најавени.

Од ловечките друштва се пожалија дека голем е бројот на луѓе кои поседуваат ловечки пушки, а не плаќаат чланарина и не се регистрирани кај нив.

Кај мене во село има 60 ловечки пушки, а плаќаат само 10 луѓе. Се случувало да фатиме 3 ловџии, и кажуваат дека се од друго друштво. Дозвола немаат, документи немаат. Да имаме соработка нема да има ловокрадци - вели Даут Емини, претседател на “Шчипоња„.

“Сокол“ под концесија има 12, а ловечките друштва “Фауна“ и “Шчипоња„ располагаат со по едно ловиште.

Најмалку два пати годишно ловечките друштва и полицијата ќе оддржуваат вакви состаноци со цел криволовот да се намали и да се зачува дивечот.