Мени

Лука Гаревски осми на Балканско првенство во триатлон

06.12.2012 13:57 | KumanovoNews

 Лука Гаревски (18) од Куманово, студент на Факултетот за физичка култура во Скопје, го освои осмо место на Балканското првенство за јуниори во триатлон, кое се оддржа во Елазиг, Турција.

Лука Гаревски осми на Балканско првенство во триатлон

Гаревски беше единствениот претставник на македонската репрезентација, кој ги бранеше боите на државата од вкупно 60 натпреварувачи. Триатлон е спортска дисциплина во која се споени пливањето, бозење на велосипед и трчање.

- Конкуренцијата беше силна, но јас успејав да постигнам добри резултати. Имаше три дисциплини: пливање на 1500 метри, возење велосипед на 40 км и 10 км трчање. Овој спорт кај нас е сеуште во развој. Се работи за многу тежок спорт,  финансиски и физички, бидејќи три спортови се тренираат посебно,па се спојуваат. Почнав прво со еден спорт,а сите ги споив во 2010 година, од кога интензивно се занимавам. Досега имам освоено 19 златни медали на државни натпревари и 5 сребрени и брознени.Четири години бев државен првак во конкуренција јуниори - раскажува Гаревски.

Гаревски има амбиции да учествува на европските и светски натпреварувања, каде ќе се пласира во првите десет најдобри. Поради добрите резултати учествувал и на кампови во Шпанија и Србија. За натпреварувањето во Турција финансиска подршка му дала Општината Куманово.