Mагла и намалена видливост на Страцин
06.03.2014 09:20
| KumanovoNews
Поради магла намалена е видливоста на 150 метри во селото Страцин на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.
Видливоста на Стража е 50 м, Маврово - 20 м, Пресека - 50 м.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на патната сигнализација на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата трае до 15 март годинава. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.