Магла на автопатот кон Скопје
Сообраќајот на сите патишта во државата се одвива по суви коловози. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на повисоките планински и осојничави места, како и на некои мостови низ клисурите.
Намалена видлливост поради магла до 50 метри има на патниот правец Скопје-Петровец-Катланово и Градско-Демир Капија.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Продолжуваат теренските активности (геодетски и геомеханички истраги) кои се во тек долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) односно од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Крива Паланка. Извршена е времена измена на режимот на сообраќајот од исклучок за клучка Рафинерија, до исклучок за Скопје кај клучка Миладиновци, во должина од 2000 метри, при што сообраќајот се одвива по десната сообраќајна лента во правец на Скопје. Под времен режим на сообраќај ке биде и самата рампа од клучката Миладиновци, односно исклучокот кон Скопје.
Работите ќе се изведуваат во период од 07:00 до 18:00 часот, додека сообраќајната сигнализација за времен режим на сообраќајот е поставена 24 часа на горенаведениот дел од трасата.
Возачите се предупредуваат да возат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата-соопштуваат од АМСМ.