Мени

“Мајка“ подели пакетчиња на децата со посебни потреби

24.12.2013 15:37 | KumanovoNews

Членки на хуманитарното здружение “Мајка“, вчера поделија новогодишни пакетчиња на лицата со посебни потреби згрижени во Дневниот центар кај Чик.

“Мајка“ подели пакетчиња на децата со посебни потреби

Трета година по ред даваме пакетчиња на овие деца. Годинава  поделивме 25 пакетчиња и слатки набавени од спонзори. Се одлучивме за овој центар бидејќи сакаме да им покажеме на децата дека не се заборавени од заедницата - изјави Лидија Илијевска, претседател на “Мајка“.

Илијевска додава дека на штитениците во Дневен центар им носат торти од манифестацијата Тортијада и ги посетуваат често без некој посебен повод.