Мени

Македонското женско лоби организира семинар во Куманово

26.02.2013 12:58 | KumanovoNews

 Во зградата на поранешен Комитет, утре ќе се оддржи семинар на кој ќе има жени од повеќе политички партии, од невладини и од медиумите.


Македонското женско лоби организира семинар во Куманово

Семинарот е дел од проектот : "Ние сме идни лидери и носители на промени во нашите заедници ".

 Целта на проектот е да придонесе кон процесот на демократизација во Република Македонија во промовирање на положбата на жените во локалната политика , како и на позициите на одлучување на локално ниво  преку  почитување на позитивните мерки кои се веќе донесени од страна на политичките партии со нивните внатрешни правила, закони и програми како и правни норми донесени со Изборниот законик од 2006.

Целна група се жените од политичките партии. Очекувани резултати од проектот се : да се постигне поголема видливост на прашањато за недостаток на жени во локалната политика и да се стават прашањата за родови политики и програми на дневен ред на локално ниво - објаснуваат организаторите.

Предавач на овој семинар ќе биде госпоѓата амбасадор Констанца Морела , која за овој тренинг во Македонија ја донесе Амбасадата на САД во Република Македонија.

Организатори на семинарот се Македонското женско лоби и невладината “Срма“.