„Мала Богородица„ ќе се слави во Матејче
Раселените Македонци и Срби од селото Матејче, кои за време на воениот конфликт ги напуштија своите домови големиот христијански празник „Мала Богородица“,ќе го прослават во манастирот над селото.
Единаесет години по протерувањето раселените оваа година вторпат нема да одат организирано, туку секој во сопствена режија.
И оваа година нема да одиме организирано до манастирот, туку со автомобили. Се надевам дека ќе присуствуваат, главно поранешни матејчани кои се врзани за празнувањето на „Мала Богородица“ - велат раселените.
Светата литургија ќе започне во 10 часот, а ќе биде избран кум на славата.
Во хотелот „Кристал“ живее само уште 1 семејство, додека останатите 118 семејства на раселни лица од селата Матејче, Опае и Ропаљце добија обештетување од државата и се населија во Куманово.