Мени

Малолетници го злоупотребуваат бројот 195

03.06.2014 06:57 | KumanovoNews

Последниве неколку седмици зголемена е злоупотребата на дежурниот телефонски број 195 во Регионалниот центар за управување со кризи.

Малолетници го злоупотребуваат бројот 195

Злоупотребата главно ја вршат малолетници од мобилни телефони, кои понеколкупати дневно се јавуваат на линијата која е наменета за пријавување на важни настани и непотребно ги алармираат вработените.

 - Тоа е стихијно, некогаш добиваме по 50 вакви повици, а некогаш по 15 на ден.  Се работи за малолетници кои додека имаат пауза на училиште се јавуваат. Апелираме да не се злоупотребува бројот кој е наменет за пријавување на настани значајни за животот и здравјето на населението - вели Горан Стојановски од Регионален центар за управување со кризи.

За злоупотребата на бројот 195 е известена и полицијата.