Мандолинскиот оркестар “Романтико“ во Радовиш
21.08.2013 08:16
| KumanovoNews
Мандолинскиот оркестар “Романтико“ кој функционира при Здружение на пензионери Куманово денеска ќе се претстави на традиционалниот фестивал “Саноќ седам Трено“ во Радовиш.
Во Центарот за култура во Радовиш, мандолинскиот оркестар ќе изведе три композиции. Фестивалот е со ревијален карактер, а на него кумановските пензионери учествуваат по петти пат, но специфично годинава е тоа што за првпат ќе се претстават со мандолински оркестар.