Маркичките отпаднаа, адвокатите ќе се фискализираат
Адвокатите најдоцна за еден месец треба да се фискализираат, откако по многу негодувања Законот за адвокатски маркички е вон сила.
Оправданото незадоволство кај адвокатите од Законот за адвокатски маркички после бројни иницијативи на Адвокатска комора и адвокати поединци вроди со плод. Уставниот суд покрена постапка, издаде времена мерка за определени одредби кои законот го правеа тешко применлив или воопшто неприменлив. Тие одредби подоцна беа укинати и законот е целосно делигитимиран. Собранието кон крајот на мај и почетокот на јуни го стави законот вон сила, а адвокатите ќе се фискализираат - вели Жикица Стоиљковиќ, претседател на Адвокатска заедница Куманово.
Тој објаснува дека оваа опција е поприфатлива за Адвокатската комора на Македонија и адокатите ќе работат со фискални каси како сите други правни субјекти.