Машина за сушење алишта за Старачки дом
09.03.2011 09:35
| KumanovoNews
Домот за стари лица "Зафир Сајто" доби машина за сушење алишта од Обединетата македонска дијаспора. Донацијата вчера ја донесе претставникот од здружението на граѓани "Конект".

"Надлежните од кумановскиот дом за стари лица ни рекоа дека имаат потреба од машина за сушење алишта. Претходните години донациите од Обединетата македонска дијаспора беа наманети за деца и млади, а годинава за старите лица"- вели Биљана Гинова, програмски соработник од здружението "Конект".
Обединетата македонска дијаспора обезбеди донација на три домови за стари лица во Македонија во вредност од 5.000 долари.