Мени

Маскенбалот “Батко Ѓорѓија“ во сабота

07.05.2013 08:14 | KumanovoNews

 На Градскиот плоштад  во сабота ќе се оддржи традиционалниот маскенбал “Батко Ѓорѓија“ на кој ќе учествуваат ученици од основните и средни училишта, градинките и граѓаните.

Маскенбалот “Батко Ѓорѓија“ во сабота

И оваа година ќе имаме гости од Струмица, кои учествуваат во ревијалниот дел. За останатите учесници ќе доделиме награди во три категории, прво , второ и трето место за учесници од градинки, основни и средни училишта. Најголемата награда е Гран при на маскенбалот, има награда за маска за иновација, маска за креативност, награда за оригиналност и стимулативни награди. До 9 мај можат да се пријавуваат маските. Ги повикуваме и граѓаните доколку се заинтересирани да учествуваат, да се пријават - вели Жика Крстевски, раководител на сектор за спорт и култура во Општина Куманово.

 На маскенбалот се очекува да продефилираат над 3000 маски, а манифестацијата ќе започне во 18 часот за да се избегнат високите температури во текот на денот.