Мени

Маскенбалот ќе прерасне во карневал

07.05.2011 13:48 | KumanovoNews

Пред споменикот на најголемиот кумановски шагаџија „Батко Ѓорѓија“, денеска продефилираа над 3000 ученици под маски од основните и средните училишта,и деца од градинките во градот.

Маскенбалот ќе прерасне во карневал

На големиот маскенбал што традиционално по осми пат се органиира во Куманово, посетителите можеа да видат вештерки, кралеви и принцези, Французи, Индијанци, фараони, вештерки, рокери, кловнови, вампири, торти и бонбони, велигденски јајца, и се друго што е дел од детската фантазија.

Групните маски "Алиса во земјата на чудата" на учениците од Средното земјоделско училиште "Киро Бурзназ", основното училиште "Толи Зордумис" со маската "Наместо да гледам нечистиса слика , природата во сјај нека ни блика" и маската на градинката Бубамара ги освојиа првите места и  беа прогласена за најдобри.

„Победниците ќе учествуваат на некој од карневалите кои се организираат на балканските простори, од каде често добиваме покани. Бидејќи од година в година маскенбалот е се подобар во организацијата и во квалитетот на маските, од наредната година тој ќе прерасне во карневал. Се распрашавме која е процедурата за организирање на една таква минифестација и ги вршиме потребните подготовки“ - вели Жика Крстевски, раководител во Секторот култура во Општината.

Наградите ги врачи градоначалникот зоран Дамјановски,кој воедно ги поздрави присутните. Во ревијалниот дел на манифестацијата настапија гости од струмичкиот фестивал и гости од Сант Петрсбург, кои престојуваат во гимназијата Гоце Делчев. Маскенбалот "Батко Ѓорѓија 2011" се одржа под покровителство на градоначалникот и Советот на Општината, а во организација на Секторот за култура.

Маскенбалот се одржува  по осми пат и е под покровителство на градоначалникот и советот на Општина Куманово.